Вардар ги доби ривалите во ЛШ - почнуваме со гостување кај Брест

Во новата сезона во ЕХФ лигата на шампионите Вардар 1961 ќе игра во А групата заедно со добро познатите ривали со кои и претходните сезони биеше битка на ракометните терени. „Црвено-црните" први беа извлечени и го добија местото А1. Потоа следуваа и другите ривали.

Покрај Вардар 1961 во истата група се уште и: ВАРДАР 1961, ПСЖ, Кјелце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест, Елверум и Флензбург.

Новата сезона ја почнуваме во Брест. Во првото коло до А групата од ЕХФ лигата на шампионите, Вардар ќе гостува кај Мешков во Белорусија. Според календарот првото коло е закажано за 16/17 септември. Потоа следува домашен меч со Елверум на 23/24 септмеври.
Првиот дел од групната фаза на ЛШ ќе го завршиме со домашен меч со ПСЖ на 9/10 декември 2020 година.

Стевче Алушовски - тренер на Вардар 1961
„ Добивме исклучитечно тешка група каде нема лесен противник. Секој може секого да победи. Можеби ПСЖ е некој фаворит, но сите други се со исти шанси. Нема лесен меч, ќе одиме чекор по чекор. За нас првиот план е пласман во Топ-8 екипи. Ќе се потрудиме да го оствариме тоа. Не сме екипа што ќе потцениме некого ниту пак ќе прецениме. Сега ќе следува анализа. Треба да се работи. Треба да го видиме планот кога почнуваме и со кого. Не се плашиме

Распоред на натпревари на групната фаза

1 коло, 16/17.09.2020, Мешков Брест - Вардар 1961
2 коло, 23/24.09.2020, Вардар 1961 - Елверум
3 коло, 30.09-01.10.2020, ПИК Сегед -Вардар 1961
4 коло, 14/15.10.2020, Вардар 1961 - Фленсбург,
5 коло, 21/22.10.2020, ПСЖ - Вардар 1961
6 коло, 28/29.10.2020, Вардар 1961 - Порто
7 коло, 18/19.11.2020, Вардар 1961 - Келце
8 коло, 25/26.10.2020, Келце - Вардар 1961
9 коло, 02/03.12.2020, Порто - Вардар 1961
10 коло, 09/10.12.2020, Вардар 1961 - ПСЖ
11 коло, 10/11.02.2021, Фленсбург - Вардар 1961
12 коло, 17/18.02.2021, Вардар 1961 - ПИК Сегед
13 коло, 24/25.02.2021, Елверум - Вардар 1961
14 коло, 03/04.03.2021, Вардар 1961 - Мешков Брест

 

среда, 1 јули 2020 - 19:34