Вардар ги доби првите признанија во Келн: Душебаев е најдобар десен бек, Гонзалес е тренер на сезоната

Пред почетокот на Ф4 турнирот во Келн, за Вардар пристигнаа и првите индивидуални признанија.

По гласањето на навивачите во конкуренција на 50 номинирани играчи во повеќе категории, од 20 различни клубови и 17 нации, Алекс Душебаев беше избран за најдобар десен бек во лигата на шампионите. Тренерот Раул Гонзалес пак беше избран за најдобар тренер.

Се гласаше он-лајн, а меѓу седумте најдобри играчи само Лудовик Фабрегас од Монпелје не е дел од Ф4 турнирот. Доминираат играчите на ПСЖ, со вкупно тројца во Ол стар тимот, двајца од Барселона, и по еден од Вардар и од Монпелје.

Алекс Душебаев беше избран за најдобар млад играч во Лш во сезоната 2014/2015.

Ол Стар тим на лига на шампионите за сезона 2016/2017

ГОЛМАН Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
ЛЕВО КРИЛО Уве Генсхајмер (ПСЖ)
ЛЕВ БЕК Микел Хансен (ПСЖ)
ЦЕНТРАЛЕН БЕК Никола Карабатиќ (ПСЖ)
ПИВОТ Лудовиг Фабрегас (Монпелје)
ДЕСЕН БЕК Алекс Душебаев (Вардар)
ДЕСНО КРИЛО Виктор Томас (Барселона)
ТРЕНЕР: Раул Гонзалес (Вардар)

Најдобар одбранбен играч: Лука Карабатиќ (ПСЖ)
Најдобар млад играч: Надеим Ремили (ПСЖ)

 

петок, 2 јуни 2017 - 13:21