Вардар „гази“: Триумф против Рајн Некар во мечот на колото

Вардар останува непоразен во група А во Лигата на шампионите откако во мечот на колото го победи Рајн Некар со 29-27 и „црвено-црните" остануваат лидери во групата со максимален учинов по четири одиграни натпревари.

Ова е шести триумф за Вардар во меѓусебните дуели со Рајн Некар во последните четири сезони откако играат во Лигата на шампионите.

Германскиот тим имаше одличен почеток, а на Вардар му требаа 33 минути за да го превземе водството. Откако поведе со 17-16 веќе беше полесно. Потоа Рајн Некар извесно време беше конкурентен, но кога во 45. минута Вардар поведе со „плус 2" за водство 23-21 веќе беше направен потребниот исчекор. Оттогаш па се до крај на средбата Вардар имаше предност, некогапш и „плус 3".

Го имавме расположениот Тимур Дибиров кој постигна 8 гола од девет обиди, и голманот Дејан Милосављев кој имаше вкупно 12 одбранети топки. Но, кога беше најпотребно Милосављев ги скротуваше ударите на противникот, па во последните 15 минути имаше четири одбрани плус еден пенал, токму кога Вардар почна резулатски да се одлепува.

* Фото галерија од натпреварот

На девет минути до крај имавме шанса и првпат да „избегаме" на четири гола предност и да поведеме со 28-24. Но, откако Карачиќ не реализираше, ривалот побара тајм аут надевајќи се дека ќе може нешто да направи и да се врати во игра. Но, добрата игра во одбрана беше клучот. Знаеме како да се одбраниме, да ги затвориме сите приоди.

Со триумфот против Рајн Некар сега Вардар има 13 победи во дуелите со германските екипи откако „црвено-црните" играат во Лигата на шампионите.

ВАРДАР – РАЈН НЕКАР 29:27 (13:15)

ВАРДАР: Милосављев (11 одбрани и 1 седмерец.), Гедбан, Стоилов, Поповски, Кристопанс 3, Мораеш 3, Карачиќ 4, Скубе 3, Калараш 1, Чупиќ 2, Дибиров 8, Шишкарев 1, Борозан 4, Војводиќ, Кисељев, Мишевски.

 

сабота, 6 октомври 2018 - 20:44