Вардар е незапирлив - 11. триумф по ред сезонава

Вардар останува една од трите екипи во лигата на шампионите со максимален учинок и после четвртото коло во групната фаза од ЛШ, по триумфот 30-27 против ПИК Сегед.


Вардар го повторни ланскиот успех кога имаше четири победи по ред во лигата на шампионите, и го продолжи победничкиот од сезонава со 11 победа по ред во 12 одиграни натпревари.
Слично како и на ланските мечеви со ПИК Сегед, тешко се стигна до победата, но на крајот ние се радувавме на бодовите со кои остануваме во самиот врв и борбата за првото место. По Веспрем кој сезонава „падна" во СЦ „Јане Сандански" сега го победивме и ПИК Сегед.

* изјави од прес конференцијата

Клучниот период во играта беше периодот од 47. до 52 минута кога направивме серија што ни донесе водство 26-23. Тогаш се чинеше дека конечно гостите нема да можат да возвратат и да останат во игра. Но, ПИК Сегед играше трпеливо, и имаше начин како да пронајде пукнатина во нашата одбрана. Дел до упатените топки завршија во мрежата, а дел ги одбрани Страхиња Милиќ кој мечот го заврши со 11 одбрани.
Во 58 минута ПИК Сегед навести нова можна неизвесност откако намали на 28-27. Тоа беше сигнал за Раул Гонзалез да побара тајм аут и да ги подели последните совети. Вуко Борозан повторно упати проектил со кој зголеми на 29-27 и победата беше се поблиску. Страхиња Милиќ повторно одбрани топка, овојпат на дотогаш непогрешливиот Балог. Драмата се уште беше присутна бидејќи Циндриќ промаши, но и Матеј Габер шутураше над голот. Среќата на трибините ја запечати повторно Вуко Борозан со својот трет гол.

* Фото-галерија од натпреварот

Но, не беше лесно да се стигне до победата. ПИК Сегед од самиот почеток најави дека повторно на гости играат релаксирано и знаат како да му дадат отпор на противникот. Вардар тргна со одбрана 5-1 која не функционираше најдобро, но затоа одбраната на ПИК Сегед имаше решение за нашите напади. Гостите водеа со 5-3 во 9 минута, а потоа извесен период игравме „гол за гол".
Во последните 10 минути од првото полувреме ПИК Сегед повторно имаше водство, од 11-10 кое го зголеми н а15-13 во 28 минута. Кањељас и Дибиров израмнија на 15-15, во последната минута Раул побара тајм аут пред да се упати последниот удар. За неколку секунди вардарци искомбинираа а Лука Циндриќ погоди за водство 16-15.

Во следното коло Вардар гостува кај ППД Загреб на 22 октомври.

Вардар - ПИК Сегед 30-27 (16-15)

ВАРДАР: Штербк (одбрани три топки), Стоилов 2, Милиќ (одбрани 11 топки), Рожерио, Македа 1, Деревен 1, Карачиќ 4, Душебаев, Абутовиќ, Кањељас 1, Циндриќ 5, Чупиќ 1, Дибиров 8, Шишкарев 1, Борозан 3, Марсениќ 3.

ПИК Сегед: Сиера, Обрановиќ, Калман 2, Боро 2, Тиагуш Петруш, Шего, Зубаи, Балог 9, Скубе 2, Блажевиќ, Габер 2, Шоштариќ, Родригез 1, Банхиди 2, Бунтиќ 4, Бока.

 

недела, 16 октомври 2016 - 19:58