Вардар е добитник на наградата „13 ноември“

Сојузот на спортот на Град Скопје по повод 13 ноември, Денот на ослободувањето на главниот град го награди нашиот шампион за постигнати врвни резултати во домашното првенство, СЕХА лигата и лига на шампиони на Европа, а фоторепортерот на Вардар, Денис Дуковски е добитник на признанието за големо светско остварување - најдобра фотографија на ИХФ

Нашиот машки тим е добитник на наградата „13 ноември“ за 2016 година, која Сојузот на спортот на Град Скопје ја доделува по повод Денот на ослободувањето на главниот град. Наградата Вардар ја доби за постигнати врвни резултати во СЕХА лига и лига на шампиони на Европа.

Оваа 2016 година беше плодна година за нашиот шампион, освоивме двојна круна во домашното првенство, станавме прва екипа со 10 шампионски титули и 11 клуб титули, а по четврти пат игравме во финалето на регионалната СЕХА лига и по третпат бевме меѓу топ 8- те екипи во лига на шампионите.

Фоторепортерот на Вардар, Денис Дуковски е добитник на признанието за големо светско остварување - најдобра фотографија на ИХФ.

Признанието по повод 13 Ноември им се доделува на најдобрите спортисти, тренери, екипи, спортски работници, а меѓу годинешните добитници се и фудбалските легенди Мето Спасовски и Мирко Илиевски – награда за животно дело, маратонецот Томи Стефановски за најдобар спортист, како и карате-тренерот на „Макпетрол" Бошко Заборски, интернационалната ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, спортската редакција на МТВ, професорот по физичко образование во ОУ „Гоце Делчев" општина Илинден Благоја Митровски, спонзорот на ЖКК „Бадел" Љупчо Павловски и претседателката на Виз-ер скопскиот маратон Тања Пендалевска.

понеделник, 14 ноември 2016 - 14:35