Вардар добитник на три награди „13 Ноември“ на Сојуз на спортови на Скопје

Нашата машка екипа која сезонава ги освои трофеите во четири различни натпреварувања, меѓу кои и ЕХФ лигата на шампионите доби три награди „13 Ноември" од Сојуз на спортови на Скопје.

Нашиот капитен Стојанче Стоилов ја доби наградата за Спортист, тренерот Раул Гонзалес е избран за најдобар тренер, а машкиот тим за екипа на годината.

Вардар во 2017 година стана првак на Македонија, купот на Македонија, Супер Купот на Македонија, СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите.

 

 

понеделник, 13 ноември 2017 - 14:03