Вардар доби три службени бодови од ЕХФ

Европската ракометна федерација реши да ги додели службено бодовите од неодиграните натпревари во ЕХФ лигата на шампионите, а од трите дуели на Вардар беа доделени три бода.
Еден бод нашиот тим доби од дуелот што требаше да го играме со ПСЖ во Франција и плус уште два од гостинскиот дуел со Флензбург. Третиот меч што остана неодигран беше домашниот дуел со ПСЖ. Тој дуел ЕХФ реши да го регистрира со служен резултат за ПСЖ.

Во образложението на ЕХФ се вели дека при носење на одлуките била направена врз база на тоа која била причината за одложувањето на средбите.

Со оваа одлука на ЕХФ, Вардар сега има девет бода. Ни останува за играње уште дуелот со Мешков Брест во Скопје на 4 март. Потоа ќе се играат осминафиналните средби со ривал од другата група во ЕХФ лигата на шампионите врз основа на тоа на кое место ќе бидат клубовите.

 

петок, 26 февруари 2021 - 18:17

Share on Facebook