Вардар директно во групите од ЛШ

Останува истиот систем на натпреварување, со две групи со по 8 екипи, и плус уште две групи со по 6 екипи.

Европската ракометна федерација ги објави 21 екипи што добија директно место во групите од ЕХФ лигата на шампионите за сезоната 2019/2020. На таа листа се најде и Вардар, актуелниот европски првак. „Црвено-црните" ќе играа во А или Б групата, што според квалитет се најсилни. На 27 јуни ќе биде извршена ждрепката кога ќе бидат и познати нашите ривали.

Според пропозициите на ЕХФ, на секоја земја и следува право на едно место во ЛШ за кое сепак националната федерација треба да се пријави. Доколку некој клуб сака да игра во групите од ЛШ, а не е првак тоа може да го стори со пријавување преку сопствената федерација. Потоа ЕХФ разгледувајќи осум други критериуми решава дали и тој клуб може да биде вклучен.

Од бројот на пријавени клубови потоа се одредува дали ќе има потреба од квалификации.
Останува истиот систем на натпреварување, со две групи со по 8 екипи, и плус уште две групи со по 6 екипи.

Покрај Вардар, директно место во групната фаза од ЛШ добија и следниве клубови
Mешков Брест - Белорусија
Загреб - Хрватска
Алборг - Данска
Барселона - Шпанија
Кокс - Финска
ПСЖ - Франција
Фленсбург - Германија
Веспрем - Унгарија
Селфос - Исланд
Елверум - Норвешка
Келце - Полска
Порто - Португалија
Динамо Букурешт - Романија
Чеховски Медведи - Русија
Целје - Словенија
Кадетен Шафхаузен - Швајцарија
Татран Прешов - Словачка
Савехоф - Шведска
Бешикташ - Турција
Мотор Запорожје - Украина

Дополнително место во ЛШ бараат и:
ГОГ - Данска
Бидасоа - Шпанија
Монпелје - Франција
Нант - Франција
Шамбери - Франција
Кил - Германија
Магдебург - Германија
ПИК Сегед - Унгарија
Еш - Луксембург
Еурофарм Работник - Македонија
Металург - Македонија
ОИР Арендал - Норвешка
Висла Плоцк - Полска
Спортинг - Португалија
Кристијанштад - Шведска

 

четврток, 13 јуни 2019 - 17:55