Вардар без бодови од Полска

Во дуел со два црвени картони, вкупно 24 минути исклучувања и игра полна со осцилации особено на нашиот тим, од гостувањето во Полска се враќаме без бодови. Кјелце победи со 31-27, што е прв пораз на Вардар сезонава во Лигата на шампионите. И покрај тоа што останавме без бодови „црвено-црните" се на делба на првото место во групата. Сега следува пауза поради ЕХФ репрезентативната недела, а потоа имаме два домашни натпревар на почетокот на ноември, против Мешков и против Барселона.

Вардар одигра со осцилаци, и во напад и одбрана. Имавме доста шанси направени за гол, но изостануваше реализацијата. А на сетоа тоа домашните ракометари занеја да возвратат. Во првото полувреме уште во 14 минута останавме без Вуко Борозан која доби директен црвен картон. Кјелце имаше неколкупати преднбост од четири голови, (8-4 и 10-6) но Вардар дури и без Борозан најде противигра и се врати резултатски. До крајот на првото полувреме намаливме на само еден гол разлика, 16-15.

Одбраната на Вадар ја немаше цврстината како н апретходните натпревари, барем не константно. Од време на време игравме одлично, а потоа следуваше лош предиод. На нашите грешки противникот реалиизраше лесно во контри.

Дури и со одбраните на Дејан Милосављев кој во второто полувреме имаше на моменти извонредни одбрани сепак не бевме доволно конкурентни. Кјелце направи пак серија, од 18-16 до ново водство 22-17, а потоа 24-19.

Не го искористивме црвениот картон што го доби Алекс Душебаев на самиот почеток на вториот дел. По еден фаул од Шишкарев, бекот на Кјелце стана и веднаш го оттурна нашиот играч. Судиите му доделија 2 минути на Шишкарев а црвен картон на Душебаев.

И повторно се вративме во игра, намаливме на 25-22 и 26-23. Но, повторно на нашите грешки и не реализирани напади возвратија домаќините со голови и водство од 28-23. Имаше само уште пет минути до крај на средбата, а Кјелце го задржа водството.

КЈЕЛЦЕ – ВАРДАР 31:27 (16:15)

ВАРДАР: Милосављев (9 одбрани, 1 седмерец.), Гедбан, Стоилов 3, Поповски, Кристопанс 2, Карачиќ 3, Скубе 6, Калараш, Чупиќ 1, Дибиров 6, Шишкарев 4, Борозан 1, Војводиќ, Кисељев 1, Мишевски.

Фото: Ана Беничевич Миазга

недела, 14 октомври 2018 - 19:34