Вардар 2 продолжува победнички во Прва лига

Екипата на Вардар 2 која се натпреварува во Прва лига продолжува со победничката серија, откако се вратија со цел плен од Гевгелија триумфирајќи во дуелот со Партизан, 31-23.

Од самиот почеток домаќините покажаа „заби" и поведоа со 4-0, што беше изненандувачко, но истовремено и лекција за вардарци. И брзо покажаа дека тоа бил само лош период, бидејќи потоа ние веќе водевме со 9-5. Отпорот на домашните ракометари траеше само во првиот дел кога на одмор се замина со предност од 11-9.
Потоа целосната доминација беше во рацете на Вардар чии ракометари на крајот имаа и предност од осум голови.

Со трите освоени бодови Вардар останува на второто место на табелата со 31 бод, еден помалку од Младост. Првопласираниот ќе игра директно во Супер лигата, а второпласираниот ќе игра бараж со претпоследниот од Супер лига.

Партизан - Вардар 2 23-31
ВАРДАР 2: Петковски, Чакалиќ 5, Крстевски 5, Димковски 1, Мишевски 4, Димитров 5, Апостоловски 1, Гичев, Лазов 1, Стојов, Стојановски 3, Ѓоршоски 1, Брауновиќ, Стошиќ, Амзоски 3, Атанасовски.

 

понеделник, 20 март 2017 - 10:47