Вардар 1961 во февруари ќе игра седум натпревари од ЕХФ лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 своите преостанати девет натпревари од групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите ќе ги одиграaт во февруари и март. Во договор со клубовите и ЕХФ потврдени се осум термини, а единствениот натпревар за кој се уште нема датум е оној со ПСЖ во Скопје. За тој клубовите дополнително треба да се договорат.

Во првиот дел од сезоната Вардар 1961 одигра само половина од предвидените натпревари од ЕХФ лигата на шампионите. Наместо 10 одигравме пет меча.

Сега останува да ги одиграме сите предвидени средби. Според договорот меѓу клубовите ќе почнеме да играме на 4 февруари со гостување кај Порто во Португалија. Потоа следуваат две врзани гостувања кај ПСЖ и Флензбург.
Во февруари според досега потврдените датуми и саатници ќе бидеме домаќини само на ПИК Сегед и на Елверум.

Единствениот меч во март треба да биде оној со Мешков Брест во Скопје закажан за 4 март.

Во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите Вардар 1961 треба да одигра 14 натпревари. Според пропозициите првите две екипи ќе се пласираат директно во четвртфинале, а екипите пласирани од трето до шесто место ќе разигруваат во осминафинале со ривалите од другата група. Победниците од тие осминафинални средби потоа одат во четвртфиналето каде ги чекаат првите две од групите, од каде ќе бидат познати тимовите за Ф4 турнирот.

Термини во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите

4 февруари - 20,45 ч.
Порто - Вардар 1961

9 февруари - 18,45 ч.
ПСЖ - Вардар 1961

11 февруари - 18,45 ч.
Флензбург - Вардар 1961

14 февруари - 18 ч.
Вардар 1961 - ПИК Сегед

18 февруари - 18,45
ПИК Сегед - Вардар 1961

21 февруари - 16 ч.
Вардар 1961 - Елверум

25 февруари - 18,45 ч.
Елверум - Вардар 1961

4 март - 18,45 ч.
Вардар 1961 - Мешков

петок, 8 јануари 2021 - 19:40

Share on Facebook