Вардар 1961 почнува против Текстилец во Купот на Македонија

Термините за овие натпревари се 24 или 25 февруари, според календарот на РФМ, но екипите што играат во европските купови веројатно ќе играат во друг термин.

Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беше извршена ждрепката за елиминациското коло од Купот на Македонија. Сезонава во Суперлигата и во Првата лига играат вкупно 32 екипи, и имаше полудиригираната ждрепка, па во елиминациите ќе играат суперлигаши против прволигаши во само еден натпревар.

Вардар 1961 кој 13 пати беше досега победник на Купот на Македонија во елиминациската фаза ќе игра против Текстилец од Штип.

Термините за овие натпревари се 24 или 25 февруари, според календарот на РФМ, но екипите што играат во европските купови веројатно ќе играат во друг термин.

Четвртфиналните групи ќе се играат како и досега, со по четири екипи, а најдобрите од групите обезбедуваат место на завршниот турнир. Четвртфиналето ќе се игра на 31 март и 1 април, додека Ф4 ќе биде од 21 до 23 мај.

Куп на Македонија, прво коло:

Прилеп – Аеродром
Јуниор КВ -Драчево
Делчево – Охрид
Риниа М – Работнички
Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино
Еурофарм Пелистер 2 – Јехона
Пролет – Борец
Преспа – Струга
Младост Богданци – Скопје
Металург РА – Радовиш
Куманово – Металург
Вардар – Текстилец
Партизан Гевгелија – Голден Арт КЛ7
Астраион – Македонија ЃП
Шампион – Тиквеш
Кичево – Бутел Скопје

 

понеделник, 15 февруари 2021 - 14:40