Вардар 1961 на турнирот во Струга почнува со дуел против Охрид

Првите контролни натпревари пред почетокот на сезоната за Вардар 1961 ќе бидат на турнирот во Струга. Познатиот ракометен турнир годинава го има своето 48. издание и ќе биде само со домашни екипи поради ситуацијата и неможноста да дојдат тимови од странство. Нашиот тим ќе игра во група со екипите на Охрид, Еурофарм Пелистер 2 и Бутел.

По повеќегодишна пауза Вардар повторно ќе игра на турнирот во Струга. Според составот на екипите ова ќе биде „првенство на Македонија" во мало, бидејќи ќе има осум екипи, сите од супер лигата. Покрај Вардар 1961 кој ќе игра во едната група, во другата се домаќинот Струга, Прилеп, Еурофарм Пелистер и Металург.

Турнирот се игра од 12 до 16 август. Секој дне е планирано да се играат по три натпревари со исклучок на последниот, финален ден. Тогаш се планирани натпреварите за пласман и ќе се играат четири натпревари.

Вардар 1961 ќе го почне турнирот на 13 август со дуел против Охрид. Тој меч ќе с еигра во вечерниот термин од 21:15 часот на отвореното игралиште во Струга. И другите две средби, против Еурофарм Пелистер 2 и Бутел, се играат во истиот термин.

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

СРЕДА, 12 АВГУСТ
17:15 СТРУГА – ПРИЛЕП
18:45 СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ
19:30 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД
21:15 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – МЕТАЛУРГ

ЧЕТВРТОК, 13 АВГУСТ
17:15 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:30 МЕТАЛУРГ – ПРИЛЕП
21:15 ВАРДАР 1961 – ОХРИД

ПЕТОК, 14 АВГУСТ
17:15 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ПРИЛЕП
19:30 СТРУГА – МЕТАЛУРГ
21:15 ВАРДАР 1961 – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

САБОТА, 15 АВГУСТ
17:15 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2
19:30 СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
21:15 ВАРДАР 1961 – БУТЕЛ СКОПЈЕ

НЕДЕЛА, 16 АВГУСТ
10:00 НАТПРЕВАР ЗА 7. МЕСТО
17:45 НАТПРЕВАР ЗА 5. МЕСТО
19:30 НАТПРЕВАР ЗА 3. МЕСТО
21:15 ФИНАЛЕ

 

петок, 7 август 2020 - 10:35