В сабота пријателски меч меѓу пионерите на Вардар и Филипос Верија

Пионерите на Вардар во сабота, 14 октомври, во 11 часот во салата во СЦ Кале ќе одиграат пријателски натпревар со врсниците од Филипос Верија од Верија, Грција.

„Договоривме пријателски натпревар за генерацијата 2002/03, односно пионерската селекција Вардар со Филипос Вериа. Времетраењето на натпреварот не е ограничен, односно, можно е да се играат три продолженија од по 20 минути, или четири продолженија, во зависност од тоа како ќе се изјаснат двата тима. Идејата е сите играчи да добијат можност да играат", вели Марија Папуџиева од РК Вардар.

Гостинскиот тим доаѓа на еднодневен престој во Скопје, а по натпреварот ќе останат да го гледаат и мечот лигата на шампионите меѓу Вардар и Барселона.

Филипос Верија во април годинава беа домаќини на турнирот „Врилитос 2017", каде Вардар се пласираше на петтото место.

вторник, 10 октомври 2017 - 10:09