Утре Вардар ќе го дознае ривалот во полуфиналето на ЛШ

Вардар стигна до своето трето учество на Ф4 турнирот во Келн, и утре ќе го дознае противникот.

Покрај вардарци, во Келн ќе бидат уште три добри познаници на македонскиот првак од дуелите во најелитното натпреварување. Сите беа дел од А групата сезонава, и со сите вардарци има играно.

Вардар, Барселона, Веспрем и Келн се клубовите што ќе се борат за титулата.

Ждрепката за полуфиналните двојки за Ф4 во Келн, ќе се одржи утре во келн со почеток во 12 часот.

понеделник, 6 мај 2019 - 14:58