Успесите на Вардар му донесоа најдобар рејтинг на македонскиот ракомет

Трите последни сезони во четврт-финалето на лигата на шампионите, а оваа и освојување на европската титула на Вардар значи и уште поголем рејтинг за македонскиот клупски ракомет во лигата на шампионите. Според најновата листа објавена од Европската ракометна федерација, базирано на резултатите во ЛШ, Македонија е во Топ-4, то е најдобра успех досега.

Македонија на европската листа е зад Унгарија, Шпанија и Полска кои се подобро пласирани од нашата земја. Веднаш зад Македонија, на петтото место се наоѓа Франција, а меѓу првите 10 се уште Германија, Хрватска, Данска, Белорусија и Украина.

Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) по комплетирањето на сезоната 2016/17 го објави новото рангирање на европските земји во Лигата на шампионите, во кое Македонија ги мина Германија и Франција и се искачи на четвртата позиција.

Бодовите за рангирање на федерациите, ЕХФ ги пресметува според резултатите на клубовите во последните три сезони (2014/15, 2015/16 и 2016/17) и според нив потоа го одредува рангот на тимовите за наредната сезона – 2017/18. Во текот на наредната седмица, ЕХФ ќе ја објави и конечната листа на тимови за сезоната 2017/18.

четврток, 8 јуни 2017 - 23:23