Успешна контрола против Металург

Пред почетокот на новата сезона во СЕХА Газпром лигата ракометарите на Вардар 1961 одиграа контролен натпревар против градскиот ривал Металург. И двете екипи играа во некомплетни состави, со отсуство на играчите што настапуваат на СП во Египет. Вардар 1961 победи со 34-26 (14-12).

Во нашиот тим недостасуваа шестемина ракометари што настапуваат на СП во Египет, плус Дисингер и Дибиров кои имаат мали повреди, и голманот Кизиќ. Во тимот на противникот од стандардниот состав ги немаше играчите од СП, плус Канкараш и Потпиќ.

* Фото галерија од натпреварот

„Го искористивме периодов да одиграме една контролна средба со Металург и да видиме до каде сме со формата. Било каков натпревар е подобар и од најдобриот тренинг. Сакавме да ја разбиеме таа монотонија со тренирањето и да одиграме меч. Иако сме некомплетни со отсуство на речиси половин атим сепак и ваков натпревар ни дава слика за она то го работиме, вели Стевче Алушовски, тренерот на Вардар 1961.

Во текот на натпреварот Вардар постојано имаше водство кое во последните 20 минути од средбата се зголеми на 21-17 во 40 минута. Тоа беше клучниот момент на средбата по што Вардар 1961 само ја зголемуваше предноста која во самата завршница беше и „плус 9 " за 32-23.

Првиот меч од СЕХА ГАзпром лигата тимот на Вардар 1961 го игра со Војводина на 28 јануари во Скопје.

сабота, 23 јануари 2021 - 14:13

Share on Facebook