Успешна генералка пред Кјелце: Вардар убедливо го победи Извиѓач

Пред последниот натпревар пред домашна публика од ЕХФ лигата на шампионите против Кјелце, ракометарите на Вардар има успешна генералка. Нашиот тим убедливо го победи Извиѓач со 38-27 последнопласираниот тим во СЕХА лигата, а истовремено тренерот Роберто Парондо им даде шанса на оние што поретко играат на важните натпревари.

Сега Вардар е повторно на врвот на табелата со 21 бод, исто колку и ППД Загреб и Нексе.

На овој меч игравме без голманот Калиха Гедбан и крилото Даниел Шишкарев. Но, оние што беа во игра покажаа одлично залагање и мотивација. Го видовме Грегор Оцвирк во одлично издание, исто како и голманот Марко Кизиќ и Димитри Кисељев.

Вардар поведе уште од почеток на натпреварот и постојано беше во предност. Неизвесно беше само со колкава разлика ќе заврши натпреварот. Водството постојано се зголемуваше, а после првите 30 минути Вардар имаше плус осум за 21:13 на одмор.

Вториот дел беше шанса за мирна игра и зголемување на предноста. Во последните 20 минути разликата редовно беше двоцифрена, а Вардар успеа да изброи до 38 погодоци и да стигне до 38:27.

Вардар - Извиѓач 38:27 (21:13)
ВАРДАР: Милосављев (11 одбрани), Кизиќ (4 одбрани), Стоилов 2, Недановски 2, Оцвирк 6, Поповски 5, Криштопанс, Дисингер 1, Карачиќ 2, Скубе 2, Калараш 2, Чупиќ 3, Дибиров 1, Војводиќ 6, Кисељев 6, Мишевски.

среда, 28 ноември 2018 - 22:10