Уште една двоцифрена победа за пионерите на Вардар

За избраниците на Андријана Будимир стана вообичаено на натпреварите од пионерската лига да победуваат со двоцифрени разлики и да постигнуваат над 30 гола. На мечот од десеттото коло пионерите на Вардар ја победија екипата на Шкупи со 35 – 8 (17 -3).

Иако мечот се играше во СЦ Кале, официјално домаќин беше екипата на Шкупи, којашто првиот гол го постигна откако ние веќе водевме со 11 – 0. До крајот на полувремето тие постигнаа вкупно 3 гола, а ние 17. Долгите паузи без голови за нив, значеа мноштво успешни напади за нашите вардарци. Брзо ја полневме нивната мрежа со голови, и умешно ги блокиравме патиштата кои водеа до нашиот гол. Она што ќе успееше да помине крај играчите, завршуваше во рацете на голманите. Та во вторите 20 минути Шкупи постигнаа уште 5 гола, наспроти нашите 18. Мечот заврши со наша предност од +27 гола за резултат од 35 – 8.

Шкупи – Вардар 8 – 35 (3 -17)

Вардар: Давид Стојкоски, Марио Мишевски 5, Бојан Чакалиќ 7, Борис Павловски 1, Никола Жерновски 3, Дамјан Димитриевски 3, Леонид Чорогунов, Матео Јанчев 4, Дамјан Србиновски, Велимир Ѓуровски, Борјан Трајковски 1, Давид Савревски 3, Благој Димчевски 1, Давид Мирчевски, Антонио Пешевски 1, Симон Калајџиски 6.

понеделник, 12 март 2018 - 01:05