Тројца вардарци на списокот на сениорската репрезентација

Селекторот на машката репрезентација, Данило Брестовац повика тројца ракометари на Вардар за настап на меѓународните натпревари во Турција, каде што нашите сениори ќе одиграат две средби, против домаќинот и против Италија.

Марко Кизиќ, Димитар Димитриоски и Дејан Кукуловски се наоѓаа на списокот од 17 ракометари, на кои по враќањето во Скопје ќе им се приклучат уште петмина - Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски, Филип Талески и Кире Лазаров.

Нашиот капитен Стојанче Стоилов е се уште во процес на рехабилитација, па затоа го нема на списокот.

Тие ќе бидат во конкуренција за средбите со Грузија, кои ќе се одиграат на 25 и 26 октомври во СЦ „Борис Трајковски".

 

недела, 20 октомври 2019 - 14:24