
Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за претстојниот собир во јануари, на кој се наоѓаат и тројца вардарци. Тука се Филип Талески и Марко Мишевски, како и Мартин Карапалевски кој е меѓу резервите
Оваа ЕХФ недела селекторот ќе ја искористи за подготовки за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.
Подготвките на сениорите ќе бидат од 3 до 10 јануари и во тој период веројатно ќе се одиграат и две контролни средби со репрезентацијата на Чиле која ќе се подготвува во Скопје пред заминувањето за Египет на СП.
Меѓу стандардните репрезентативци кои досега беа повикувани се и Стојанче Стоилов, Борко Ристовски и Гоце Георгиевски, но тие на овој собир нема да бидат, туку местото ќе им го отстапат на оние ракометари што селекторот сака да ги провери и да им даде шанса да се наметнат.