Трофејот од СЕХА се враќа во Скопје: Вардар е новиот шампион!

Вардар е првата екипа што трипати ја освојува регионалната СЕХА Газпром лига откако во финалето во Брест, нашите ракометари со 26-21 (11-11) го победија Веспрем. Ова е прв трофеј сезонава за „црвено-црните" на неколкуте фронта каде се борат за највисоките одличја.

По ланското финале кога несреќно загубивме во самата завршница на натпреварот, сега не дозволивме во ниту еден момент да бидеме надиграни, а уште помалку да му овозможиме на ривалот да се понадева дека може да триумфира. Вардар е единствениот тим што овие сезони успева да го победи Веспрем, не само во Скопје, туку и на неутрален терен и да му „украде“ и бодови во Унгарија.

* Фалерија од прославата и доделувањето на наградите

 

Статистика - statistika_finale_seha_-_vardar_-_vesprem.pdf

 

недела, 9 април 2017 - 22:09