Tрофеј за Вардар - два пехари за Дибиров

Вардар триумфираше на првиот турнир на кој настапува во новата сезона - во Требиње, а покрај победничкиот на тимот, во Скопје доаѓаат и две индивидуални награди, оние на Тимур Дибиров за најдобар стрелец и најдобар играч. Вардар во финалето ја победи Металопластика со 34-28 (17-14).

Во дуел на два европски прваци, Вардар актуелен, а Металопластика од пред 33 години, за „црвено-црните" немаше проблем. Играа колку што им требаше за комфорна победа, и за првиот сезонски трофеј. Ги искористивме „петте минути" што ги имавме и секогаш кога требаше правевме разлика што ни носеше повисока гол разлика.

Поведовме брзо со 8-3, а потоа Металопластика успеа да направи пресврт и да поведе со 13-12. Кога требаше ние „уфрливме во повисок степен" и со серија од 5-1 направивме водство од 17-14 со разлика со која заминавме на одмор. И во второто полувреме беше слично, Ја одржувавме предноста, имавме и позитива од 27-21, а Металопластика намали на 28-26. И пак ние „додадовме гас" и избегавме на 32-28.

Тимур Дибиров доби две признаија, за најдобар играч и најдобар стрелец.
„Се што работам, работам з атимот. Благодарам за признанијата. Турнирот ги оправда нашите очекувања, а Металопластика се претстави како одличен тим, изјави Дибиров.

За најдобар голман е прогласен Тодор Јандриќ од Металопластика, а пехарот за фер-плеј го доби тимот на Борац Бања Лука.

Третото место на турнирот го освои тимот на Бутан Плин од Изола чии ракометари го победија Борац Бања Лука со 26-25. Петти е тимот на Извиѓач од Љубишки, а шесто е Леотар.

Финале на турнирот во Требиње
Вардар - Металопластика 32-28 (17-14)
ВАРДАР: Кукуловски, Димитриоски, Гашовски, Криштопанс 6, Пелко 1, Дисингер 2, Атман 1, Скубе 3, Чупиќ 6, Калифа, Дибиров 3, Горпишин 3, Горбок 4.

 

недела, 11 август 2019 - 21:30