Триумфално во Шведска, остануваме во игра за второто место

Вардар ја продолжи традицјата на победи во дуелите со Кристијанштад во Лигата на шампионите и со два бода се враќаме од гостувањето во Шведска, каде „црвено-црните" победија со 32-30 (16-17). Со овој триумф Вардар на крајот од групната фаза ќе биде најмалку трет, и остануваме во игра и за второто место. Во следното коло играме на домашен терен против Монпелје, на 2 март во Скопје.

Иако на сите досегашни седум досегашни средби во Лигата на шампионите победуваше Вардар, секогаш средбите беа неизвесни. „Црвено-црните" и овојпат влегоа во мечот како фаворити, но ни требаа речиси 40 минути пред да направиме некоја разлика. Но, ниту тоа не беше доволна гаранција дека ќе ги освоиме бодовите. Во последната минута се постигна три гола, од што два на Вардар и еден на Кристијанштад. На 13 секунди до крај Вардар имаше напад, но и опасност од пасивна игра. Неколку додавања и топката стигнува на крило до Шишкарев кој ја запечатува победата со резултат 32-30.

Ова е осми триумф за Вардар во меѓусебните дуели, и вкупно 63 во групната фаза од Лигата на шампионите. Сега Вардар има 17 бода, еден повеќе од Веспрем, но Унгарците имаат и еден меч помалку, оној со Мешков. На крајот најмалку ќе бидеме третопласирани во групата, со шанса да стигнеме и до второто место. Сега сигурно ќе ги одбегнеме ПСЖ или Барселона во четвртфиналето на ЛШ.

Кога во 40 минута израмнивме на 21-21 тоа беше период во кој се „скрши" играта, и Вардар ја презема иницијативата. На голот застана Калифа Гедбан, а поведовме и со 24-21. Кристијанштад сега „бркаше" а ние ја одржувавме разликата. Повторно игравме добро, но во некои важни ситуации не реализиравме напади и неколку контри. Можеби и порано ќе го решевме мечот и немаше да влегуваме во неизвесност.

Домаѓините на четири минути до крај намалија на 27-28 надевајќи се на пресврт. Но, ние продолживме да ја одржуваме разликата. Имавме предност од два гола, и направивме техничка грешка и Кристијанштад пак се врати на „минус 1". Завршницата донесе неизвесност, но искуството на Вардар беше пресудно.
Го имавме Криштопанс кој погоди 8 пати од 11 обиди, а Калифа Гедбан имаше осум успешни одбрани.

И во првото полувреме игравме добро, но проблчем беше реализацијата. примивме гол во последните секунди и домашните заминаа со предност од еден гол на полувреме.

 

 Кристијанштад - Вардар 30-32 (17-16)

КРИСТИЈАНШТАД: Капелин, Л. Ларсон, Хансон 3, Нифјал 2, Арнарсон 3, Нилсен 6, Ј. Ларсон, Гудмундсон 9, Хален, Фрајман, Ен, Ејнарсон, Хринц 2, Хален 5, Молин.

ВАРДАР: Милосављев, Гедбан, Стоилов 3, Недановски, Поповски, Кристопанс 8, Мораеш 3, Дисингер 2, Карачиќ 2, Скубе 4, Калараш, Чупиќ, Дибиров 3, Шишкарев 5, Војводиќ, Кисељев 2.

 

сабота, 23 февруари 2019 - 20:40