Трилер меч на Вардар и Татран, но бодовите остануваат во Скопје

Вардар го задржа лидерското место во СЕХА Газпром лигата со трумфот над Татран од 23-21, а двете екипи повторно одиграа еден трилер меч. „Црвено-црните" излегоа како победници и тоа благодарение на подобрата игра во второто полувреме.

Гостинот покажa дека е дојден со мотив и цел, иако беа некомплетни со само 14 ракометари. Но, Вардар ги искористи своите "пет" минути во средината на второто полувреме, за да направи клучна цел и да продолжи да ги одржува овие 2-3 гола до крајот на натпреварот.

Со овие три бода, Вардар ја задржува лидерската позиција и Татран сѐ уште е на трета позиција и со добри шанси да се квалификува за F4 турнирот следната пролет. Татран одигра добро во првото полувреме наметнувајќи ја својата игра и темпо. Словачкиот шампион водеше неколку пати и Вардар беше тим кој треба да го брка резултатот. На полувреме заминавме со еден гол предност.

Почнувајќи го вториот дел Вардар успеа да ја преземе иницијативата, а само двапати гостите успеаја да израмнат. Вардар играше без повредениот Тимур Дибиров и Глеб Калараш, кој доби суспензија од еден натпревар поради црвената картичка од претходниот меч.

Милосављев имаше одлична вечер со 13 одбрани, а Игор Карачиќ постигна 6 гола. Во следното коло Вардар гостува кај Стеауа, во Букурешт со што ги завршува планираните мечеви за оваа година.

среда, 12 декември 2018 - 22:09