Третиот Супер Куп ќе се игра во Куманово

Супер купот во машка конкуренција во Македонија ќе се игра на 18 септември во Куманово. За трофејот ќе играат Вардар и Металург. Двете екипи играа и во финалето на Купот. Металур го освои купот, а Вардар е актуелен првак на Македонија.

Организацијата на Супер купот е на РФМ, а тие решија домаќин на натпреварот да биде Куманово, каде се играше и завршницата од Купот.

Вардар двапати досега триумфираше во ова натпреварување. Во првата година Вардар го победи Еурофарм Работник со 30-25, додека лани средбата се играше во Струга пред почетокот на сезона и „црвено-црните" триумфираа со 33-24 против Металург.

вторник, 10 Септември 2019 - 17:00