Тренерите во ЛШ гласаа: Милосављев и Криштопанс во Ол стар тимот на сезонава

Вардар е на прагот пред третиот настап на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, а пред почетокот на четврт-финалните мечеви ЕХФ објави кои играчи се во најдобрата седморка според изборот на тренерите. И нималку чидно е што токму двајца наши ракометари се најдоа на тој список.

Според гласањето на 24 од вкупно 28 тренери на тимови во Лигата на шампионите, Дејан Милосављев и Даинис Криштопанс сезонава заслужуваат да бидат во иделаната седморка.

Според тренерите од тимовите во ЛШ, иделаниот тим сезонава изгледа вака:

голман - Дејан Милосављев (Вардар)
лево крило - Уве Генсхајмер (ПСЖ)
лев бек - Микел Хансен - (ПСЖ)
среден бек - Енди Шмит - (Рајн Некар)
пивотмен - Јаник Колбахер (Рајн Некар)
десен бек - Даинис Криштопанс (Вардар)
десно крило - Блаж Јанц (Кјелце)

дефанзивец - Тобијас Карлсон (Флензбург)
млад играч - Мелвин Ричардсон (Монпелје)

тренер - Хуан Карлсо Паштор (ПИК Сегед)

Повеќе номинации ќе следуваа во лседниот период, и тоа од страна Клупскиот Ракометен Форум, од новинарите соработници на ЕХФ, познати личности од ЛШ и од ЕХФ.

Потоа навивачите ќе може да гласаат за иделаниот тим, и тоа гласање ќе биде отворено пред почетокот на четврт-финалните мечеви.

 

понеделник, 15 април 2019 - 16:58