Тренерите едногласни: Ангелов беше пресвртницата

По натпреварот меѓу Вардар и Рајн Некар, двата тренери, Раул Гонзалез и Николај Јакобсен во своите изјави посочија дека еден од клучните фактори на натпреварот беше Петре Ангелов кој во последните 20 минути од натпреварот „собра" многу важни топки за Вардар.

Раул Гонзалез – тренер на Вардар
Игравме против најдобрата екипа од Германија. Знам дека играа тежок натпревар против Кил пред некој ден. Тие имаат добар тренер и им посакувам се најдобро во иднина. Првото полувреме не одигравме добро, имавме проблеми со Ларсен. Игравме 5-1 одбрана против Ларсен, но не ги користевме контрите. Рајн Некар имаше добра одбрана. Со Ангелов добивме многу во одбраната, а во нападот потоа ги користевме шансите. Задоволен сум што имаме 8 бода од четири натпревари.

Лука Циндриќ – играч на Вардар
Од почеток знаевме дека не чека тврд натпревар, и тоа се покажа. Почнавме недоволно сконцентрирани, а потоа игравме подобро кога сменивме со 5-1 одбраната. И благодарам на публиката што ни даде сила на крајот. Ова е важно за нас, четири натпревари и осум бода. Го чекаме следниот викенд.

Мариус Штајнхаузер – играч на Рајн Некар
Игравме добри 50 минути. Не игравме добро во последните 10 минути како што сакавме.

Николај Јакобсен – тренер на Рајн Некар
Честитки за Вардар за победата. Беше тежок натпревар, но ние одигравме добар натпревар. Горд сум на мојот тим, направија добра работа. Имавме доста тешки натпревари, што во домашното првенство што во Лигата на шампионите.
Морав некои од играчите да ги штедам кои играа досега многу. Игравме добра одбрана 55 минути, и имавме добри одбрани од Апелгрин. Бевме со постојан притисок врз Вардар
Клучно беше кога Ангелов спаси неколку топки. Не успеавме да ја спуштиме разликата под два гола. Можеби ќе беше малку поинаку на крајот, но Вардар победи.

сабота, 10 октомври 2015 - 22:11