Традицијата продолжува - Вардар победува во градското дерби во СЕХА

Вардар повторно е на врвот во СЕХА лигата и ја продолжи традицијата да триумфира во дуелите од македонското дерби против Металург. Во 10. коло „црвено-црните" победија со 27-26 (11-13) и тоа благодарение на одличната игра во последните десет минути. Тогаш го направија пресвртот и поведоа, а успеаја и да се одбранат во последниот напад на домаќините.

Вардар имаше одличен почеток и добар крај на натпреварот и тоа беше пресудно за освојување на бодовите. Во последнаите пет минути од натпреварот Вардар имаше и два гола предност, за водство 25-23. Но, Металург израмни и до самиот крај се играше „гол за гол". Домашните ракометари го имаа последниот напад, но тој заврши покрај голот.

На оваа средба игравме без Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов. На голот затоа блескаше Марко Кизиќ со 15 успешни одбрани.

Почетокот на средбата му припадна на Вардар кој поведе со 8-4 уште во 16 минута. Но, таа предност полека се намалуваше и од 22 минута Металург имаше водство што го задржа до полувремто.

Даинис Криштопанс, Кристијан Дсиингер и Иван Чупиќ постигнаа по 5 гола за Вардар, а младиот голман Марко Кизиќ имаше 15 одбрани.

среда, 5 декември 2018 - 22:16