Традицијата продолжува - на Ф4 во СЕХА повторно против ППД Загреб

Екипата на ППД Загреб ќе биде противник на Вардар во полуфиналето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Полуфиналните двојки од Ф4 турнирот се: Вардар - ППД Загреб, Веспрем - Мешков

Во последниот меч од регуларниот дел, ППД Загреб загуби на мечот од Мешков, 25-30. По завршување на 18-те кола Вардар е прв со 47 бода, Веспрем е втор со 44, Мешков има 35 а ППД Загреб 34 бода. Во полуфиналето на Ф4 турнирот се игра по прнципот 1-4 и 2-3, а победниците ќе играат во финалето.

Со тоа продолжува традицијата секоја сезона да се среќаваме со хрватскиот првак на завршниот турнир. На досегашните пет меѓусебни натпревари, Вардар победил на три меча, а два завршиле во корист на ППД Загреб. Лани игравме во полуфиналето на Ф4 турнирот и победивме со 36-24.

Загреб е наш стар познаник со кого имаме и најмногу меѓусебни одиграни натпревари во регионалното натпреварување, вкупно 16 во досегашните шест сезони. Од тоа на 8 натпревари победувал Вардар, 1 натпревар завршил реми и 7 биле во корист на хрватскиот клуб.

Местото на одржување на Ф4 турнирот ќе биде одредено дополнително, а истиот ќе се одржи во периодот од 7 до 9 април.

Сите резултати на натпреварите меѓу Вардар и ППД Загреб во СЕХА лигата

Регуларен дел
2011/2012
Загреб – Вардар 36-31

2012/2013
Вардар – Загреб 26-23
Загреб – Вардар 25-25

2013/2014
Вардар – Загреб 33-24
Загреб – Вардар 30-29

2014/2015
Загреб – Вардар 25-22
Вардар – Загреб 32-29

2015/2016
Вардар – Загреб 33-24
Загреб – Вардар 30-25

2016/2017
Вардар - ППД Загреб 32-31
ППД Загреб - Вардар 28-26

Ф4 на СЕХА лига
2012 Вардар – Загреб 30-29 (полуфинале)
2013 Загреб – Вардар 25-24 (21-21) – финале
2014 Вардар – Загреб 30-22 (полуфинале)
2015 Загреб – Вардар 26-23 (меч за 3. место)
2016 Вардар – Загреб 26-24 (полуфинале)

петок, 17 март 2017 - 13:41