Талески: Ми требаше ваков меч за самодовербата

Вардар 1961 ја оствари втората победа сезонава во СЕХА Газпром лигата, триумфирајќи со 27-26 (15-12) против Нексе. Дуелите меѓу двата тима секогаш се неизвесни до крај, па така беше и овојпат.

Филип Талески со 6 гола, беше најефикасниот поединец на теренот, заедно со Иван Чупиќ. Нашиот лев бек одигра одлично покажувајќи ги своите шутерски способности.

* Извештај од натпреварот

* ФОТО-ГАЛЕРИЈА ОД НАТПРЕВАРОТ

 
По мечот свое видување за натпреварот дадоа некои од играчите и двата тренери.

Филип Талески - играч на Вардар 1961

„Среќни сме за втората победа во СЕХА лигата. Малку потешко од очекувањата. Доволно се познаваме со Нексе. На стартот добро ни одеше, посебно во нападот, но во последните петнаесетина минути тие стигнаа до егал и се играше гол за гол. Мислам дека не смееме да дозволиме такви падови во играта и треба да извлечеме поука. Задоволен сум од мојата игра, ми требаше вакво нешто за самодовербата, конечно мислам дека го дадов тоа што треба секогаш да го давам. Нема тука да застанам, ќе одам само напред".

Стевче Алушовски - тренер на Вардар 1961

„Секој натпрвар со Нексе е приказна за себе и само поради нашите грешки тие успеваат да се вратат во игра. Имавме четири разлика, па потоа следуваше несфатлив пад во играта, особено во напад, правевме премногу технички грешки кои резултираат со брз гол на ривалот. Да бидам искрен, не сум задоволен од многу работи. Првпат кажувам дека сум разочаран после еден натпревар, за тоа како го испочитуваа играчите договореното пред натпревар. На минатиот дуел со Војводина, без задоволен од одбраната, но сега ако не беше Борко Ристовски и нивните промашени зицери, инаку натпреварот лесно можеше да биде во корист на Нексе. Немаме многу време за анализа, жал ми е што победивме, а ќе си одиме дома малку разочарани. Сепак на секоја победа треба да се гледа од позитивната страна и утре со ладни глави ќе аналзиираме што беше добро, а што лошо и подготвени ќе заминеме за Порто", изјави Алушовски.

Анте Гаџа- играч на Вардар 1961
„Очекувавме тежок натпреар. Мислам дека цело време водевме со 3-4 гола рзлика, но никако не успевавме да дојдеме и до подобар резултат бидејќи во тој период промашувавме зицери и на крајот дојде некоја нервоза и беше тешко да се игра, па на крајот успеавме среќно да дојдеме до победата".

Фрањо Лелиќ - тренер на Нексе
„Ова беше добар натпревар за гледање. Лошо го отворивме натпреварот и беше 4:0 после само неколку минути. Се обидовме, се боревме, се држевме во натпреварот. На крајот успеавме и да стигнеме и да израмниме, но неколку промашувања, неколку технички грешки пресудија за Вардар да дојде до победата и до бодовите"

Јанко Кевиќ - играч на Нексе
Не го почнавме натпреварот најдобро. Се уште не сме воиграни. Тоа најдобро се виде во првите 15 минути кога Вардар направи три гола предност и со истата замина на одмор. Во второто полувреме успеавме да се консолидираме. Одигравме подобро и во одбрана и во напад. Мислам дека пресудија техничките грешки, промашивме три пенали, а Вардар погоди сè. На крајот нема што да се додаде. Се обидовме, но предноста беше за Вардар".

 

Најинтересни моменти од натпреварот

вторник, 2 февруари 2021 - 00:02