Страхиња Милиќ првпат сезонава во меѓу најдобрите на колото во ЛШ

Нашиот голман Страхиња Милиќ доби признание од ЕХФ за добрите одбрани на дуелот со Кјелце, и се најде во иделаниот им на 9. коло.

Ова е првпат за Милиќ да биде во иделаниот тим, покажувајќи дека е во одлична форма. Вардар на мечот во Полска загуби 24-27, и е на 3. место на табелата во Б групата со речиси обезбеден пласман во следната фаза.
Милиќ имаше одлично второ полувреме овоозможувајќи ми на тимот да биде постојано во игра за добар резултат.

Посакуваме да бидеме првопласирани и да ги изгнегнеме натпреварите од осминафиналето. Сега остануваа уште пет натпревари од групната фаза што ќе ги играме во февруари и март 2017 година
 

Видео од идеалниот тим на колото

Голман: Страхиња Милиќ (Вардар)
Лево крило: Анхел Фернандез (Ла Риоха)
Лев бек: Сеад Естеки (Динамо Букурешт)
Среден бек: Борис Пуховски (Мотор Запорожје)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило: Тим Соренсен (Кристијанштад)
Пивотмен: Игор Вори (Загреб)

понеделник, 5 декември 2016 - 11:25