Страхиња Милиќ е најдобар голман во 13. коло во ЛШ

Големата победа на Вардар на гостувањето кај Пик Сегед (31-29) не можеше да помине без индивидуално признание за најзаслужниот, голманот Страхиња Милиќ.

 Милиќ е прогласен за најдобар голман на колото, благодарение на извонредното второ полувреме на гостувањето кај Пик Сегед. Тој имаше 13 одбрани, од нив 10 во вториот дел и беше клучниот фактор за Вардар да се одлепи и конечно да победи.

Згора на тоа беше дел и од уште еден избор на најдобрите, како втора најдобра одбрана оваа недела во ЛШ. Пред него е само Иван Стевановиќ од ППД Загреб

 

Најдобрите 7 за 13. коло

голман - Страхиња Милиќ (Вардар)

лево крило - Штефан Сигурмансон (Рајн-Некар)

лев бек - Стипе Мандалиниќ (ППД Загреб)

среден бек - Расмус Лауге (Фленсбург)

десен бек - Ласло Наѓ (Веспрем)

десно крило - Гаспер Маргуч (Веспрем)

пивот - Растко Стојковиќ (Мешков Брест)

 

Милиќ со втора најдобра одбрана на колото

Posted by Ракометни Вести on Monday, February 29, 2016

 

Best 7 | Round 13 | VELUX EHF Champions League

Cast your vote for the player of Round 13: http://fans.vote/v/AClMpIBWCV4GK - Strahinja Milic (RK Vardar)LW - Stefan Sigurmannsson (Rhein-Neckar Löwen)LB - Stipe Mandalinic (RK Zagreb)CB - Rasmus Lauge (SG Flensburg-Handewitt)RB - Laszlo Nagy (MKB Veszprém KC)RW - Gasper Marguc (Veszprem)LP - Rastko Stojkovic (БГК им. Мешкова)

Posted by EHF Champions League on Monday, February 29, 2016
понеделник, 29 февруари 2016 - 12:06