Стоилов: Тако е споротот - некогаш победуваш, некогаш губиш

Вардар го заврши натпреварувањето во лигата на шампионите како четвртопласиран. Европскиот првак од 2017 година загуби на двете средби на сличен начин како што лани триумфираше, во последните моменти. Овојпат во мечот за бронза игравме со ПСЖ и во најголем дел од средбата „црвено-црните" имаа водство.

Откако Французите поведоа со 24-23 до крајот ја имаа иницијативата и го задржаа водството. Ние имавме шанси, некои и не ги искористивме па во реприза на ланското финале овојпат тимот од Париз беше поуспешен.

„Таков е споротот, некогаш победуваш некогаш губиш. Ние сега загубивме на сличен начин како што лани победивме. Сега е подобро од вчера. После тој полуфинален меч повеќе беше полошо. Игравме добро сега, имавме и водство во најголем дел од натпреварот, но ПСЖ во завршницата беше подобар. Им честитам, изјави Стојанче Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот.

недела, 27 мај 2018 - 17:40