Стоилов прогласен за МВП - Македонија тргна со победа на СП

Нашиот капитен Стојанче Стоилов ја доби наградата за најкорисен играч на дуелот против Јапонија во првото коло од СП во Германија. Македонија победи со 38-29 (18-13) оправдувајќи ја улогата на фаворит.

Македонија покажа дека е поквалитетен тим, на дуел со многу трчање и брзи голови. Уште во првото полувреме нашите момци направија предност од „плус 5" за водство 18-13 најавувајќи дека се мотивирани да стартуваат со победа на Мундијалот.

Игравме добро во нападот и бевме прецизни, но исто така и примивме доста голови и баравме начин како да се справиме со првите напади н апротивникот.

Стоилов постигна 6 гола од 8 обиди, а Мартин Поповски имаше одличен учинок 3/3.

Во првото коло имаше неколку изненандувања. Поранешниот медалист од СП, репрезентацијата на Катар загуби од Ангола. Србија иако драстично подмладена и со нов состав имаше шанса дури и за триумф над Русија, но Тимур Дибиров погоди за реми. Нашиот играч постигна 12 гола за Русија.

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО
ГРУПА А
КОРЕЈА – ГЕРМАНИЈА 19:20
СРБИЈА – РУСИЈА 30:30
БРАЗИЛ – ФРАНЦИЈА 22:24

ГРУПА Б
ЈАПОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 29:38
ИСЛАНД – ХРВАТСКА 27:31
БАХРЕИН – ШПАНИЈА 23:33

ГРУПА Ц
ЧИЛЕ – ДАНСКА 16:39
С.АРАБИЈА – АВСТРИЈА 22:29
ТУНИС – НОРВЕШКА 24:34

ГРУПА Д

АНГОЛА – КАТАР 24:23
АРГЕНТИНА – УНГАРИЈА 25:25
ЕГИПЕТ – ШВЕДСКА 24:27

 Фото: Филип Вирановски

петок, 11 јануари 2019 - 23:50