Стоилов на списокот за дуелите со Турција и со Грција

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов ќе биде дел од ракометарите што ќе се подготвуваат за последните две средби од квалификациите за ЕП 2020 година. Селекторот Данило Брестовац го повика на последните подготовки каде има 22 ракометари.

Македонија треба да ги одигра последните две средби во групата, со Турција на гости, и со Грција на домашен терен. Ние сме веќе пласирани на ЕП, а сега се бориме за првото место во групата што би ни донело и попривилегиран статус во ждрепката.

На списокот покрај Стоилов се наоѓаат и следниве ракометари.

среда, 5 јуни 2019 - 15:02