Стоилов избран за спортист на Македонија за 2019

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов е избран за спортист на Македонија за 2019 година во изборот на Агенцијата за млади и спорт (АМС).

Играчот на „црвено-црните" во 2019 година по вторпат ја освои европската титула, беше првак во СЕХА лигата и во домашното првенство. Со репрезентацијата на Македонија се пласираше во завршницата на ЕП.

Ривали на Стоилов за титулата беа Магомедгаџи Нуров (борење), Евгениј Поп Ацев (пливање), Емил Павлов (карате) и Димитар Ѓорѓиев (кик-бокс).

НАЈДОБРИ ВО ИЗБОРОТ НА АМС ЗА 2019 ГОДИНА:

СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА: Столе Стоилов (ракомет)
СПОРТИСТКА НА ГОДИНАТА: Пуликсенија Јовановска (карате)

НАЈДОБРА ФЕДЕРАЦИЈА: Ракометната федерација
ПОСЕБНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СПОРТОТ: Никола Ѓорѓиев (одбојка)

НАЈДОБАР СЕЛЕКТОР: Сашко Арсовски (карате)
НАЈДОБАР МАШКИ КОЛЕКТИВ: Одбојкарска репрезентација
НАЈДОБАР ЖЕНСКИ КОЛЕКТИВ: Ракометна репрезентација

НАЈДОБАР СПОРТИСТ СО ИНВАЛИДИТЕТ: Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво)
НАЈДОБАР МЛАД СПОРТИСТ: Бесир Алили (борење)
НАЈДОБРА МЛАДА СПОРТИСТКА: Миа Тодорова (кик-бокс, мау-таи)

УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТ: Универзитет „Кирил и Методиј" - Скопје
НАЈДОБРО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ: „Никола Карев" - Скопје
НАЈДОБАР УЧИЛИШЕН КЛУБ: „Видое Подгорец" - Струмица

четврток, 26 декември 2019 - 23:03