Стоилов и Поповски со добар учинок во победата на Македонија против Романија

Ракометната репрезентација на Македонија направи голем чекор до пласман на СП 2019 година откако во првиот бараж натпревар на домашен терен ја победи Романија со 32-24 (15-10). Сега останува уште реваншот во среда во Клуж пред потврдата на учеството на Мундијалот.

Стојанче Стоилов и Мартин Поповски беа дел од репрезентацијата што ја оствари победата, а двајцата играчи на Вардар постигнаа вкупно 4 голови. Од нив три постигна пивотменот Стоилов, а еден крилото Поповски. Селекторот Раул Гонзалес постави игра со која без проблеми ја победивме Романија.

Решавачката предност ја остваривме во второто полувреме од натпреварот кога Македонија водеше и со 24-14. Тоа беше и највисоката предност за нашата репрезентација. Во самата завршница Романија успеа да намали на седум гола негатива, но предноста беше голема, нашите ракометари рутински ја завршија работата и патуваа на реваншот со предност од осум голови.

понеделник, 11 јуни 2018 - 11:03