Стоилов: Бевме мотивирани и покажавме дека мора да победиме

Вардар има позитивен биланс во натпреварите со Монпелје, и вторпат сезонава го победува францускиот тим кој е актуелен европски пшрвак. За разлика од Французите кои нема да можат да ја бранат титулата, „црвено-црните" продолжуваат воосмина-финале и сме во игра и на добар пат да стигнеме до третиот последователн настап на Ф4 турнирот.

На последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите пред одмашан пиблика го победивме Монпелје со 33-27 и како третопласирани во групата продолжуваме во Топ-16 фазата.

„Монпелје е тим кој многу го почитуваме. Влеговме многу мотовирано од првата минута и покажавме дека мораме да победиме. Без разлика на малите падови кога не притиснаа, ние имавме целосна контрола. Благодарам што се извинија за повредувањето на Дисингер, но тоа е ракометот и такви работи се случуваат. Некоиј не очекуваа да бидеме на 3. место. Си заминаа звучни имиња од нашиот тим, а не беа ангажиравме ракометари со слично реноме кои ќе ги заменат. Сите сметаа дека не сме на нивото од лани, но покажавме дека ова е колективен спорт. Можевме да бидеме и втори, но никој не треба да ни се лути што загубивме од Веспрем бидејќи го победивме овој противник во Унгарија. Сепак, прво треба да го одработиме осминафиналето, а потоа да размислуваме за она што ни претстои, изјави Стојанче Стоилов на прес - конференцијата по натпреварот.

Тренерот Роберто Парондо имаше уште еден добар натпревар зад себе. Ги спои сите линии во екипата одлично за деветти триумф сезонава.

„Задоволен сум од победата на овој дуел против тим каков што е Монпелје. Се работи за еврoпски шaмпион и не треба многу да се зборува за квалитетот. Задоволен сум како почнавме, имавме добра разлика и ја одржувавме. Имавме 50 минути одличен меч, но и десет минути од кои не можеме да бидеме најзадоволн, изјави Парондо.

Наш следен ривал во осмина-финалето ќе биде или Мотор Запорожје или ППД Загреб. Во моментов ППД Загреб е на шестото место во група Б со 10 бода, еден помалку од Мотор Запорожје.
Утре хрватскиот тим гостува во Унгарија кај ПИК Сегед, а Мотор Запорожје е во Париз кај ПСЖ.

 

сабота, 2 март 2019 - 20:58