Стоилов: Барселона ја искористи нашата 10 минутна конфузна игра

Вардар се враќа од Барселона без бодови од мечот на неделата. Црвено-црните загубија со 26-34 (15-16) и то анајмногу поради лошите 15-тина минути од второто полувреме. Нашиот тим постигна само три гола за 15 минути, а Барселона тоа го искористи да направи двоцифрена предност

„ Му честитам на домашниот тим, особено на нивниот голман. Тој ги искористи нашите 10 минти на конфузија. Имавме добро полувреме. Мислевме дека сме на добар пат. Но, во второто полувреме Барселона ја искористи предноста и нашите грешки. Ако сакате да победи и ако сте релаксирани ќе загубите од секого, изјави Стоилов на прес-конференцијата по натпреварот.

сабота, 17 ноември 2018 - 21:06

Share on Facebook