Спартак Москва е нов ривал на Вардар во СЕХА лигата

Сезоната ја отвараме на 4 септември со мечот против Спартак во Скопје 

Во новата деветта сезона во регионалната СЕХА Газпром лига петкратниот победник Вардар за првпат ќе игра против тим од Русија. Менаџментот на СЕХА лигата донесе одлука од оваа натпреварувачка сезона нов член да биде тимот на Спартак од Москва.

Останува одлуката да има 12 екипи поделени во две групи. Измената е направена само во групата каде е Вардар и наместо претходно потврдениот тим на Татабања од Унгарија е вклучен Спартак. Вардар сезонава ќе игра и против Нексе, Татран, Војводина и Мотор Запорожје.
Во другата група се: ППД Загреб, Металопластика, Мешков, Телеком Веспрем, Еурофарм Работник и Пекинг Универзитет.

Она што во оваа сезона ќе биде унифицирано се термините за играње на натпреварите. Ќе бидат можни три термини: 17,15 часот, 19 часот и 20,45 часот.

Со оглед на тоа што сезонава ќе има две групи по 6 екипи, во регуларниот дел од сезоната треба да се одиграат вкупно 10 натпревари. Овој регуларен дел од сезоната треба да заврши на 15 декмеври.

Планирано е да има и два плејоф натпревари, и тие ќе се играат на почетокот на февруари 2020 година (дома - гости).

Потоа во март ќе има и два четврт-финални средби (7/8 март и 14/15 март). Победниците од тие средби ќе се пласираат на Ф4 турнирот што е закажан за 3-5 април. Домаќинот дополнително ќе биде одреден.

Првите две екипи од регуларниот дел на сезоната директно ќе се пласираат во четврт-финалето. Другите екипи од групите ќе разигруваат во плејофот. Потоа се играат четвртфиналните дуели (дома - гости), а предноста домашниот меч да биде во реваншот го имаат екипите што директно се пласирале во четврт-финал.

Календар за сезоната 2019/2020:

4 септември 2019
Вардар - Спартак

7 септември 2019
Мотор - Вардар

24 септември 2019
Вардар - Нексе

56 октомври 2019
Татран - Вардар

29 октомври 2019
Вардар - Војводина

12 ноември 2019
Вардар - Мотор

3 декември 2019
Нексе - Вардар

5 декември 2019
Спартак - Вардар

10 декември 2019
Вардар - Татран

14 декември 2019
Војводина - Вардар

Плејоф 1 меч
1/2 февруари 2020 година (сабота, недела)

Плејоф 2 меч
11/12 февруари 2020 (вторник, среда)

1/4 финале - 1 меч
7/8 март 2020 (сабота, недела)

1/4 финале - 2 меч
15/15 март 2020 (сабота, недела)

Ф4 турнир
3/4/5 април 2020 (петок, сабота, недела)

 

среда, 14 август 2019 - 12:02