Со триумф во Словачка ја прославивме 130. победа во СЕХА лигата

На „врзаното" гостување на Вардар, во Украина и Словачка во ЕХФ лигата на шампионите и во СЕХА Газпром лигата нашиот тим имаше две победи. Ако малку се мачевме во Украина, сега во Прешов против словачкиот првак Татран имавме рутински натпревар во кој триумфиравме со 29-22 (10-8). Тоа беше трет триумф сезонава, и вкупно 130. во деветте сезони во регионалното натпреварување.

Сега по три одиграни натпревари сезонава Вардар е повторно на првото место на табелата со девет бода, исто колку и Мотор Запрожје и Војводина. За „црвено-црните" дуелот со Татран беше последен пред дербито во Б групата од ЕХФ лигата на шампионите против Кил на 12 октомври во Скопје.

Клучниот период кога резултатски избегавме беше почетокот на второто полувреме. Тогаш од 10-9 за Вардар направивме серија со која стигнавме на 15-9 и тогаш беше се решено. Отпорот на домашните ракометари беше „скршен" и амо продолживме да ги користиме шансите, па стигнавме и до двоцифрена предност (27-17).

Игравме беш Кристијан Дисингер, а одбраната на овој мече беше онаа вистинската. Навикнати сме на добри одбрани на голманите и Артурс Кугис имаше 14 успешни одбрани меѓу кои и два седмерци Тоа беше препознатливиот Вардар од претходните сезони, со одлична одбрана и „убиствен" напад.

Само во првото полувреме Татран успеа да држи приклучок, да играме „гол за гол". Така беше до 7-7 за потоа да направиме предност од 10-8 на полувреме.

Татран - Вардар 22-29 (8-10)

ТАТРАН ПРЕШОВ: Цвитковиќ (2 одбрани), Чуприна (10 одбрани), Рабек 6, Ѓериќ 1, Лапајне 5, Магдолен, Крок, Чабезон, Хозман 1, Вучко, Фодореан 2, Кравчак 1, Михалка 3, Грзентиќ, Чарапкин 1, Афану 2.

ВАРДАР: Кугис (12 одбрани и 2 седмерци), Кизиќ (1 одбрана и 2 седмерци), Гедбан, Кукуловски 1, Димитриоски 1, Кристопанс 3, Карапалевски, Пелко 3, Атман, Скубе, Калараш 3, Чупиќ 3, Дибиров 5, Горбок 4, Шишкарев 4, Горпишин 2.

вторник, 1 октомври 2019 - 22:52