Со триумф во Нови Сад обезбедивме директно место во четврт-финалето на СЕХА

На две кола до крај на регуларниот дел од групната фаза во СЕХА Газпром лигата, петкратниот првак Вардар со триумф во Нови Сад, 35-33 обезбеди место во четврт-финалето победувајќи го домаќинот Војводина. Сега Вардар има 21 бод од 8 натпревари, три повеќе од Мотор и девет повеќе од Војводина и Татран.

Сега остануваат уште два натпревари, со Татран во Скопје и со Нексе во гости. Во зависност од тоа дали ќе бидеме првопласирани или втори ќе се знае кои се нашите потенцијални конкуренти во четврт-финалето. Првите две екипи од групите се слободни во следната фаза, а оние од трето до шесто место разигруваат з аместо во четвртфиналето.

Ако бидеме првопласирани во групата во четвртфиналето ќе играме со подобриот од дуелот меѓу А5-Б4, а ако сме второпласирани противник ќе ни биде победникот од дуелот А6- Б3.

Заминавме во Србија без неколку стандардни ракометари: Кугис, Стоилов, Криштопанс, Дисингер, Горбок и Шишкарев. Но и покрај тоа ги имавме расположените Атман и Дибиов кои заедно постигнаа 21 гол, и двајцата имаа само по две нереализирани акции. Одбраната заедно со Калифа Гедбан проработе кога требаше и за кратко време ја стопивме негативата од четири гола, па од негатива 20-24 за шест минути поведовме 25-24. Тоа беше знак дека Вардар ќе се врати и ќе ја наметне својата игра.

Требаше време додека „се загрее машината“ па се до 40 минута во второто полувреме домашните ракометари имаа и водство и иницијатива. Откако ние израмнивме на 24-24, а потоа и поведовме се беше отворено, неизвесно и интересно. 
Имаше менување во водство до 50. минута, а тогаш Вардар го презеде диктирањето на темпото. Постојано беше во предност, а на пет минути до крајот беше обезбедено и плус три, 32-29. Разликата беше зачувана без проблеми бидејќи искуството дојде до израз.


Војводина - ВАРДАР 33-35 (20-16)

Војводина: Арсениќ, Веркиќ, Овчина, Ковачевиќ, Милиќ, Мирковиќ, Прибак, Медуриќ 3, Ратковиќ 2, Продановиќ, Томиќ 7, Станковиќ 4, Николиќ 4, Роган, Гроданиќ 11, Вучковиќ 2.

ВАРДАР: Гедбан (4 одбрани и 1 седмерец.), Кизиќ (1 одбрани.), Гогов, Кукуловски, Димитриоски, Карапалевски, Пелко 1, Атман 10, Скубе 4, Калараш 3, Чупиќ 3, Дибиров 11, Ќосевски 3, Горпишин.

вторник, 3 декември 2019 - 23:59