Со реми и како првопласирани ја завршивме групната фаза од ЛШ

Вардар директно се пласираше во четврт-финалето на лигата на шампионите, а на последниот меч од групната фаза на домашен терен ремизиравме со Висла, 31-31 (16-16). „Црвено-црните„ има шанса и да победат, но во последните секунди ударот на капитенот Стоилов го одбрани гостинскиот голман Марчин Вичари.

Уште пред почетокот на средбата беше познато дека Вардар ќе биде првопласиран и директно ќе се пласира во четврт-финалето на лигата на шампионите. Полјаците мораа да победат во Скопје без оглед на дуелот на ППД Загреб. Тоа им беше единствената опција да играат во Топ-16 фазата. Се надеваа дека ќе го „фатат" Вардар со помала мотивација бидејќи „црвено-црните" обезбедија пласман и можеа порелакисрано да го одиграат последниот меч од групната фаза.

Дека нема да му биде лесно на Вардар се покажа уште од самиот почеток. Гостите имаа водство, а ние се обидувавм еи успевавме да израмнуваме. На нашиот тренер Раул Гонзалес му требаше време додека да ја најде седморката што ќе може да ја пробие противничката одбрана. Тргнавме со Борозан и Криштопанс, па продолживме со Кањељас, Карачиќ и Македа. Денеска ниту на Штербик не му одеше најдобро, па во 18 минута меѓу сттивите застана Страхиња Милиќ. Тоа беше пероод во кој гостите првпат на средбата направија предност од „плус 3" за водство 10-7, што потоа уште двапати го имаа, 11-8 и 12-9.

Немавме решение за брзата игра на Висла во напад, па некогашп и со малку повеќе среќа топките завршуваа кај нивните играчи, или имаа проектили што тешко се бранат.
Вардар си продолжи со својата игра, па негативата од три гола ја анулираше и израмнивме на 12-12, а потоа и 14-14. Но, нашите грешки знаеше Висла секогаш да ги казни, а потоа ние некако се мачевме да дојдеме до ситуација за гол и да реализраме напад.
Последните две минутисепак искористивме две одбрани на Милиќ, па малкуимавме и играш помалку, по исклучувањето на Абутовиќ. На крајот сепак на одмор заминавме со реми, 16-16 и со отворени карти во вториот дел.

Десет минути во второто полувреме Висла имаше водство, а потоа откако Вардар поведе, ние го задрѓавме тоа до крајот на мечот. Имавме и три гола предност, 27-24, но поради нашите грешки Висла успеа да израмни и да им овозможиме неизвесна завршница.

Во самата завршница повторно се играше „гол за гол", каде ние водевме а Висла израмнуваше. Во последната минута прво Циндриќ зголеми на 31-30, а веднаш Дуарте израмни. Имавме уште 20-тина секунди за напад. Стоилов доби топка на шест метри, но неговио тудар заврши во ногата на гостинскиот голман.

Мечевите од четврт-финалето на лигата на шампионите се играат во периодот од 18 до 22 април, и тоа прво на гостински терен, а реваншот е во периодот од 25 до 29 април во СЦ „Јане Сандански".

 

недела, 4 март 2018 - 18:50