
Ракометарите на Вардар со триумф ја завршија календарската година, откако на домашен терен го победија Бутел со 36-21 (18-15) во 16. коло на домашната Супер лига. „Црвено-црните" ќе презимат на лидерската позиција со 43 бода.
Гостите од Бутел имаа добар старт и вода во првите неколку минути, со предност од 3-1, 5-3 и 6-4. Откако Вардар направи серија од 3-0 направија пресврт, го презедоа водството. Гостите повторно израмнија на 7-7, но потоа целосната доминација беше на ракометарите на Вардар.
Брзо стигна водството кое се искачи на 16-10, и само поради опуштањето во последните минути од првото полувреме тоа се намали на 18-15.
Вториот дел беше формалност во која домашните искусно го чуваа водството. Првпат до двоцифрен резултат се дојде при 27-17.
Вардар - Бутел 36-21 (18-15)
ВАРДАР: Стоилов 4, О. Њокас 2, Моралес 5, Карапалевски 4, Томовски, Савревски, Талески 4, Дибиров 5, Кудуз 2, Атанасовски 2, Ќосевски, Мишевски 3, Гогов, Дијало, Крстевски.
Бутел: Тот 8, Јевтиќ 5, Георгиевски 3...