
Следните месеци Вардар1961 ќе ги игра своите натпревари од домашното првенство, односно ќе се приклучи во разигрувањето за титулата во првенството на Македонија. Лани поради пандемијата со Ковид-19 немаше прогласено првак ниту пак Куп победник. Сега ќе се играат 14 кола, по што најдобриот тим ќе биде прогласен за шампион на Македонија.
Вардар во првото коло е домаќин на екипата на Еурофарм Пелистер 2. Натпреварот се игра во Скопје во салата во СЦ „Јане Сандански".
Покрај Вардар 1961 во плејофот ќе играат уште и Еурофарм Пелистер, Металург, Бутел, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Охрид и Струга.
Распоред на натпреварите на Вардар 1961
1 коло: Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 2
2 коло: Охрид - Вардар 1961
3 коло: Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер
4 коло: Бутел - Вардар 1961
5 коло: Вардар 1961 - Струга
6 коло: Вардар 1961 - Пролет 62
7 коло: Металург - Вардар 1961
8 коло: Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961
9 коло: Вардар 1961 - Охрид
10 коло: Еурофарм Пелистер - Вардар 1961
11 коло: Вардар 1961 - Бутел
12 коло: Струга - Вардар 1961
13 коло: Пролет 62 - Вардар 1961
14 коло: Вардар 1961 - Металург