Скубе: Ни одговара кога не сме фаворити

Трета сезона во ЕХФ лигата на шампионите во првото коло играме против Француски Монпелје. Досега двапати се враќавме од Монпелје како победници на стартот, а потоа на крајот стигнувавме и во Ф4 турнирот во Келн. И повторно првото коло во групната фаза ќе биде дуел на два тима што имаа во своите витрини европски титули. Вардар беше европски првак во 207 и 2019 година, а Монпелје во 2018 година, а претходно има уште еден трофеј од 2003 година.

Вардар и Монпелје се дел од Б групата на ЕХФ лигата на шампионите каде се уште и екипите на Веспрем, Кјелце, Мотор Запорожје, Мешков, Порто и Кил. Се игра според стариот систем, 14 кола по што првопласираниот директно се пласира во Топ-8, а екипите од второ до шесто место во групата ќе играат во осминафиналето.

Во меѓусебните пресметки на Вардар и Монпелје во последните пет години поуспешни се „црвено-црните". на Седум натпревари, петпати победувал Вардар, еден меч завршил со реми а единствениот пораз го имаме од Французите на Ф4 турнирот во Келн во сезоната 2017/2018.
Лани игравме двапати, исто така сезоната ја почнавме во Франција каде триумфиравме со 27-24, а во Скопје славевме со 33-27.

„Сезонава екипата малку се промени, а имаме и некои проблеми со повреди, но ние сме сѐ уште Вардар. Многу од играчите кои во јуни ја освоија титулата сѐ уште се тука. На првиот натпревар сме кај Монпелје, мислам дека добро се подготвивме и тактички и физички и одиме во вистинска борба. Не очекува тежок натпревар, можеби гол - два ќе биде разликата. Но, што се однесува да ја одбраниме титулата веројантно не сме фаворити, но во последените 6-7 години никогаш фаворитот не ја освоил титулата, што мислам нас ни одговара улогата да напаѓаме од позадина. Ќе одиме натпревар по натпревар, ќе биде долга сезоната и тешко е сега да се каже како ќе биде, но имам доверба во ирачите и мислам дека не очекува убава година во однос на вардаровиот резултат, вели Сташ Скубе.

Ова е 13-та сезона како Вардар игра во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите досега Вардар има одиграно 142 натпревари, и на 69 натпревари сме биле победници. „Црвено-црните" се на 14-то место на вечната листа и е најуспешниот тим од Македонија.

На средбата во Франција ќе ги нема Стојанче Стоилов и Жозе Толедо кои се уште се повредени.
Натпреварот со Монпелје се игра во 17,15 часот а ТВ преносот е на МТВ 1.

 

сабота, 14 Септември 2019 - 09:38