Што не' очекува во февруари: Трипати во ЛШ и еднаш во СЕХА

Февруари е месец во кој треба да одиграме вкупно четири натпревари, од што три во ЛШ и еден во СЕХА лигата. Двапати ќе бидеме домаќини и двапати ќе гостуваме.

Со натпреварот против Војводина во рамките од СЕХА лигата што заврши со триумф на Вардар од 26-23 почнаа пролетниот дел од сезоната. Следуваат неколку месеци полни со натпревари во кои ќе се решава за титулата и купот во домашнот опрвенство, но и за пласман на Ф4 турнирот во СЕХА Газпром лигата и во Лигата на шампионите.

Февруари е месец во кој треба да одиграме вкупно четири натпревари, од што три во ЛШ и еден во СЕХА лигата. Двапати ќе бидеме домаќини и двапати ќе гостуваме.

Особено важни се средбите во ЛШ. Вардар по 10 одиграни натпревари е на второто место во Група А со 13 бода. На „црвено-црните" потребни им се најмалку два бода за теоретски да го сигураат местото во осминафиналето, а теоретски се уште имаме и шанса за првото место иако тоа ќе биде потешко изводливо со оглед на тоа што Барселона е лидер со пет бода предност.

Првопласираниот тим директно ќе игра во четвртфиналето, а екипите од второ до шесто место во групата ќе играат во осминафиналето против екипи од Група Б, или со еден од двата тима од групите Ц и Д кои ќе играат во квалификации.

Во февруари Вардар ќе игра на следните натпревари:

06.02.2019 - Лига на шампиони
Рајн Некар - Вардар

16.02.2019 - Лига на шампиони
Вардар - Веспрем

23.02.2019 - Лига на шампиони
Кристијанштад - Вардар

27.02.2019 - СЕХА Газпром лига
Вардар - ППД Загреб

Во СЕХА Газпром лигата на Вардар му требаат уште три бода за да го потврди местото на Ф4 турнирот. Остануваат да се играат уште четири натпревари, а овој со ППД Загреб е еден од трите дерби дуели. Покрај со ППД Загреб следниот месец треба да играме и со Мешков Брест и со Нексе.

Со цел навивачите навреме да си обезбедат билет за следните натпревари на Вардар на домашен терен, во Лигата на шампионите и во СЕХА газпром лигата од утре (среда) во продажба се пуштаат билетите за сите четири натпревари, против Веспрем и Монпелје во ЛШ и против ППД Загреб и Мешков во СЕХА Газпром лигата.

Повеќе детали за продажбата на билети можете да најдете на www.ticketplus.mk.

За двата натпревари во ЛШ цената на билетите е идентична, во зависност од трубината, а додека цената за натпреварите во СЕХА Газпром лигата чинат 50 денари без разлика на местото. Имателите на сезонски билети можат да присуствуваат на сите натпревари.

 

петок, 1 февруари 2019 - 15:00