Штербик во тимот на колото, Дибиров во петте најубави голови

И покрај тоа што Вардар не успеа да ја победи Барселона, добрата претстава на нашите ракометари не остана незабележана од магазинот на ЕХФ ТВ.

Нашиот голман е прогласен за најдобар во 8. коло од Лигата на шампионите, благодарение на извонредната претстава, одбранетите зицери и трите запрени седмерци на противникот. Сепак Штербик не успеа да му помогне на Вардар да победи, а една од причините беше тоа што и на спротивниот гол имаше извонреден голман, младиот Перес Де Варгас.

Покрај Штербик, уште еден наш ракометар доби признание. Тимур Дибиров го постигна третиот најубав гол во 8. коло, од негова позиција, од аголот, каде што е најтешко, но и најатрактивно. Топ-5 гола на колото можете да ги видете на овој линк.

 

ТИМ НА КОЛОТО:

Голман: Арпад Штербик (Вардар)

Лево крило: Мануел Линигер (Кадетен Шафхаузен)

Лев бек: Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед)

Десен бек: Лука Шебетиќ (Загреб)

Десно крило: Виктор Томас (Барселона)

Пивот: Ренато Сулиќ (Веспрем)

понеделник, 23 ноември 2015 - 13:26