Штербик повторно избран во најдобрите пет одбрани во ЛШ

И покрај тоа што не успеавме да победиме во Барселона, Арпад Штербик заслужи место меѓу најдобрите пет одбрани во 7. коло во ЕХФ Лигата на шампионите.

Голманот на Вардар го освои петтото место, благодарение на неговата интервенција на една контра на Кире Лазаров. Најдобрата одбрана на колото ја имаше Никлас Ландин од Кил, а пак, најубавиот гол е дело на Педро Родригез од Ла Риоха.

Во тимот на колото прв голман беше Тјери Омејер од ПСЖ, а пак, Ваел Жалуз од Барселона, кој постигна 12 гола против Вардар е прогласен за најдобар лев бек.

НАЈДОБРИТЕ 7 ЗА 7. КОЛО

Лево крило – Јонас Калман (ПИК Сегед)
Лев бек – Ваел Жалуз (Барселона)
Среден бек – Кентин Мае (Фленсбург)
Десен бек – Сергеј Онуфриенко (ПСЖ)
Десно крило – Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)
Пивот – Петер Оверби (Елверум)
Голман – Тјери Омејер (ПСЖ)

 
Top 5 Saves - VELUX EHF Champions League Round 7

Niklas Landin is becoming a regular feature in the Top 5 Saves this season and it's no surprise with crazy stops like this!Was the THW Kiel goalkeeper your no.1?

Posted by EHF Champions League on Monday, November 16, 2015
понеделник, 16 ноември 2015 - 15:06